Search

Џерард го чека синот на Хаџи Јанис пред трансфер во Глазгов

 – Романскиот фудбалер од средниот ред, Јанис Хаџи би можел да биде првиот нов член на Глазгов Ренџерс во зимскиот преоден рок. Тој во моментот е член на белгиски Генк, а во шкотскиот великан би минал како позајмен играч за наредните шест месеци.

Јанис Хаџи има 21 година, син е на славниот романски репрезентативец Георге Хаџи и важи за иднина на фудбалот во неговата земја.

Хаџи е во плановите и на менаџерот Стивен Џерард кој по триумфот над Рос Каунти во шкотската Премиер лига, рече дека очекува потпис од Романецот до крајот на овој месец.

Пред четири милионскиот трансфер во Белгија, Хаџи играше за екипата на Виторул Констанца во шампионатот на Романија, а во меѓувреме имаше куса епизода и во тимот на Фиорентина за која одигра само два меча.

Треба да знаете
Последни објави