Search

Шкотска нема да го отстрани знамето на ЕУ од Парламентот по Брегзит

Знамето на Европската унија ќе продолжи да се вее од зградата на шкотскиот Парламент по Брегзит.

По жестоката расправа, членовите на Регионалното собрание на Единбург одлучија со 63 наспроти 54 гласови да не се отстрани знамето.

Во текстот на документот се наведува дека мерката се спроведува за „поддршка и солидарност со граѓаните на ЕУ кои ја избрале Шкотска за свој дом”.

Шеесет и два проценти од Шкотите гласаа да останат во ЕУ на референдум во јуни 2016 година. Сепак, тие ќе го напуштат блокот утревечер, како и остатокот од Обединетото кралство.

Треба да знаете
Последни објави