Search

Харадинај: Договорите за авионски и железнички линии со Србија се во интерес на Косово

– Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај изјави денеска дека договорите за отворање авионски и железнички линии со Србија се во интерес на Косово и го јакнат неговиот суверенитет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук по средбата со работните групи на Авторитетот за цивилно воздухопловство и оној за патен транспорт и патна инфраструктура, Харадинај оцени дека тие договори се полезни и за граѓаните на Косово.

– Работна средба со работните групи на Авторитетот за цивилно воздухопловство на Косово и Авторитетот за патен транспорт и патна инфраструктура, за разгледување на Писмото за намери за натамошно унапредување и усогласување на дејствијата на инволвираните страни во овој процес. Значајно е да се нагласи дека договорите за авионската линија и за железницата Косово – Србија се полезни за граѓаните на земјата и во интерес на Косово. Овие дејствија претставуваат напредок во она што е Косово и јакнење на нашиот суверенитет, напиша Харадинај.

Работни групи на надлежните институции на Косово и Србија започнаа деновиве преговори во Берлин, со посредство на американскиот амбасадор во Германија и пратеник на претседателот Доналд Трамп за преговорите меѓу Приштина и Белград, Ричард Гренел, за обновување на воздушните и железничките врски меѓу двете земји, кои беа прекинати по војната во 1999 година.

Треба да знаете
Последни објави