Search

(Фото): Лила Филиповска подигнала во готово 250.270 евра со кои е основан ,Меѓународен сојуз“

Новинарот Зоран Божиновски на социјалните мрежи објави фотографии на кои се гледа како поранешната пријателка на Боки 13, Лила Филиповска подигнала 250.000 евра во готово со кои, според сознанијата на Божиновски, е основан ,,Меѓународен сојуз“ и  со кои е организиран гламурозниот собир во хотел ,,Александар Палас,, во Скопје и пари кои беа почетен капитал за ,,1ТВ,,

https://www.facebook.com/zoranburevesnik11/posts/10221607770126168

Божиновски во својата објава вели дека ЛИЛА ФИЛИПОВСКА СТОЈАНОВСКА на 21 јуни 2017 во 16 и 18 минути, примила трансфер на лична сметка во СТОПАНСКА БАНКА Скопје, во износ од 13.500.000 денари, од правното лице ,,ДАН МАК,, Скопје, со сметка во СИЛК РОАД банката.

Божиновски се прашува зошто ниту една институција во Република Македонија НЕ РЕАГИРАЛА на идната трансакција направена само 70 минути подоцна, кога во 17 28 часот ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ФИЛИПОВСКА комплетниот износ од 13.500.000 денари го подигнала ВО ГОТОВО, а благајникот во СТОПАНСКА БАНКА Скопје во рок веднаш овој мега денарски износ и го конвертирал во ЕВРА.

Треба да знаете
Последни објави