Search

Пјонтек ја продолжува кариерата во Херта

Кжиштоф Пјонтек ја напушти Италија и кариерата ја продолжува во Германија. Поранешниот соиграч на Горан Пандев во Џенова, а досега и на Милан, ја прифати понудата на Херта предводена од поранешниот селектор на САД, Јирген Клинсман.

Со Херта потпиша повеќегодишен договор за сума од 27 милиони евра по сезона плус бонуси.

Полскиот репрезентативец во изминатите денови беше поврзуван со можен трансфер во Тотенхем, меѓутоа Милан и Херта денеска постигнаа договор за 24-годишниот напаѓач.

Неговото заминување од Милано дојде како логична последица по доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ и подемот во формата на Анте Ребиќ.

Треба да знаете
Последни објави