Search

Потврден е петти случај на коронавирусoт во Франција

Во Франција е потврден петтиот случај на новиот коронавирус, изјави француската министерка за здравство, Ањез Бузин, наведувајќи дека станува збор за ќерка на 80-годишен маж, кој исто така е заразен и се наоѓа во болница.

Бузин претходно најави дека еден авион ќе полета од Франција кон Вухан, за да ги врати француските граѓани од градот кој е жариште на епидемијата, додека друг авион би полетал денеска или во петок, пренесува „Ројтерс“.

Франција во петокот потврди три случаи на инфекција со коронавирус, а четири во среда.

„Сега имаме пет случаи, од кои два се предмет на набудување“, рече Бузин на вчерашната прес-конференција.

Повеќе од 130 луѓе починале од ефектите на коронавирусите, додека повеќе од 6.000 се заразени, повеќето од нив во Кина.

Треба да знаете
Последни објави