Search

Помпео пристигна во Лондон на средби со британските власти

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна синоќа во Велика Британија.

– Има многу теми за дискутирање со Велика Британија во време кога влегува во нова фаза на нејзиниот суверенитет, рече американскиот дипломат во авионот за Лондон.

Тој додаде дека ќе разговара за безбедносните и трговските прашања со британските власти.

Помпео имаше работна вечера со својот британски колега Доминик Раб, а денеска во пресрет на Брегзит ќе се сретне со премиерот Борис Џонсон на Даунинг стрит.

По Лондон, Помпео ќе замине во Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Треба да знаете
Последни објави