Search

Пацоли именува возач од МНР за дипломат во косовскиот конзулат во Струга

 Министерот за надворешни работи во косовската Влада во оставка Беџет Пацоли, со својата прва одлука во 2020 година, унапреди досегашен возач во неговото министерство за дипломатски службеник во Конзулатот кој Косово неодамна го отвори во Струга, објави вчера весникот „Коха Диторе”.

Како што јави дописникот на МИА од Приштинасо одлука од 23 јануари годинава, досегашниот возач Фарук Битиќи е именуван за втор секретар во косовското конзуларно претставништво во Струга и ќе го започне четиригодишниот мандат на 15-ти идниот месец.

–  Фарук Битиќи, со чин втор секретар, се именува да служи во Конзуларната мисија на Република Косово во Струга/Република Северна Македонија, со четиригодишен мандат. Фарук Битиќи ќе започне со извршување на задачите и обврските како втор секретар во конзуларната мисија во Струга од 15. 02. 2020 година, се вели во документот што го обезбеди приштинскиот весник.

Од косовското МНР велат дека чинот втор секретар, кој Битиќи го има добиено со одлука од 2108 година. е соодветен на чинот конзул, така што „унапредувањето е извршено согласно процедурите и законите”.

Треба да знаете
Последни објави