Search

Можно е Хамилтон од 2021 година да замине во „Ферари”

– Како истекува договорот на „Мерцедес” со Формула 1, така зачестуваат гласините дека Луис Хамилтон би можел да ги смени клупските бои и од 2021 година да седне во болидот на „Ферари”.

Британецот до крајот на оваа сезона е под договор со германскиот тим, кој, пак, меѓу другото ја разгледува и опцијата за напуштање на „октанскиот циркус”.

Тоа, според германските медиуми, било причина Хамилтон веќе да влезе во преговори со Ферари. Годишната плата на шесткратниот Ф1 шампион во Мерцедес е 50 милиони евра.

Мерцедес, според договорот, има загарантирано учество во Формула 1 шампионатот уште оваа година. Најавите од Германија се дека компанијата „Дајмлер” на 12 февруари треба да реши дали ќе ја обнови соработката или ќе излезе од натпреварувањето.

Ако Мерцедес, сепак, одлучи да остане, проблем за Хамилтон би претставувало и многу веројатното заминување на Тото Волф на позицијата генерален директор на Ф1 наместо Чејс Кери.

Во меѓувреме е присутно и незадоволството во Ферари од резултатите на Себастијан Фетел, па тимот од Маранело е во план да гради шампионски тим од докажаниот Хамилтон и талентираниот Шарл Леклер.

Треба да знаете
Последни објави