Search

Истрагата за „Империја“ зема залет, сослушувањето на сведоците неделава

Јавното обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција поканило повеќе сведоци во врска со предметот „Империја“, дознава „360 степени“. Извесно е дека сослушувањето на сведоците ќе почне веќе оваа недела.

Поради тајноста на постапката, од Обвинителството засега не откриваат дали поради начелното правно мислење на Врховниот суд повторно ќе се испитуваат „старите“ сведоци сослушани од СЈО во истрагата против Камчев, Мијалков, Панделески и другите. Или, пак, предметот оди чекор понатаму од каде што застана кај Катица Јанева, со нови сведоци.

Без конкретни детали, но со јасна порака дека ОЈО за гонење на организиран криминал го забрзало постапувањето за истрагата „Империја“ завчера по сведочењето за „Рекет“ излезе и обвинителката Лиле Стефановa, која е една од двете обвинителки кои и сега го водат предметот.

Треба да знаете
Последни објави