Search

Жители на Ѓорче Петров вознемирени од редовна вежба во касарната

Жители на Ѓорче Петров попладнево се пожалија дека се вознемирени од рафално пукање во населбата.

Според некои граѓани, истрелите се слушале многу силно поради што побараа и информации што всушност се случува во овој дел на Скопје.

Поради ваквите поплаки, „Макфакс“ стапи во контакт со МВР, од каде што смируваат дека станува збор за редовна вежба во касарната во Ѓорче Петров и порачуваат дека нема потреба за вознемиреност кај граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави