Search

Героски: Го чувме мјаукањето на Лилето, ама сега ќе апат Катица и Боки

Сите биле „скандализирани“ од сведочењето на Лиле Стефанова, од вулгарностите на Катица Јанева, од обвинувањата на Бојан Јовановски… Ма немојте! А зошто не слушавте кога ви беше кажано дека кога обвинетите во „Рекет“ ќе сфатат дека ги спремаат за „колење“, ќе отворат уста? Што очекувавте да кажат -дали ќе им дадете јаже да се обесат, или треба сами да си понесат?, анализира во својата колумна Бранко Героски за „Плусинфо“.

…Јас, инаку, имам целосно разбирање за сите оние изливи на емоции и за сите оние вулгарности и глупости што ги слушнавме и што допрва ќе ги слушаме во судската мелодрама „Рекет“. Катица Јанева изгледа конечно сфатила дека ја спремаат за „колење“ со француска обработка, а сведочењето на нејзината другарка Лиле Стефанова е само потврда на тие сомневања. Кој и од нас да е во нејзината се потесна кожа (мислам на Катица), кој од нас Лилето јавно да ја фалел со незаслужени комплименти и да го возел нејзиното маче, кој од нас да бил во ситуација да го слуша она предавничко цинкарење и мјаукање од својата штитеничка, кој не би ги исплукал како балгами оние вулгарности што ги слушнавме од Јанева?!

Од друга страна, ја разбирам и кутрата Лиле Стефанова. Ја разбирам, зашто никој веќе не верува во нејзината невиност, чесност и професионалност. И  зашто не е исклучено наскоро и самата да се најде на обвинителна клупа. И зашто ако сака да се спаси, мора да ја одигра својата ролја во оваа драмолетка, мора жестоко да ја оцрни Катица, мора да се додвори на новите заштитници и да си ја спасува кожата. И во тоа име, мора да откаже секаква, па и од елементарна човечка лојалност кон својата доскорешна шефица. Да, може човек да постапи поинаку, ама за тоа треба да се има карактер, пиува меѓудругото Героски.

Целата колумна на „Плусинфо“.

Треба да знаете
Последни објави