Search

Германски медиуми: Тепачка на тренинг на Баерн М.

– Германските медиуми со информација за тепачка на еден од тренинзите на Баерн Минхен.

Боатенг, според написите, „полудел” по еден невнимателен старт на неговиот клупски колега по што дошло до физичка пресметка. Горецка притоа добил удар со рака во главата, па се вмешале останатите нивни соиграч и тренерот Ханси Флик и ги раздвоиле „завојуваните страни”.

По смирување на страстите Боатенг рекол „дека топката не била ни блиску до него, а Горецка му стартувал со отворен ѓон”. По сцената, наводно, немало ниту меѓусебно извинување и најверојатно двајцата ќе минат без казни од клубот.

Треба да знаете
Последни објави