Search

(Видео) „Драга кошарко“: Писмото со кое Брајант се прости од својот омилен спорт

Кошаркарската легенда Коби Брајант (41), синоќа загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија заедно со неговата 13-годишна ќерка, Џијана. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, во инцидентот, покрај нив, животот го загубиле уште седум лица.

Светските медиуми во чест на големиот мајстор на кошаркарската игра, популарнот „Црна мамба“, потсетуваат на неговата поема, која во ноември 2015 година ја објави во The Players’ Tribune како писмо до својот најомилен спорт, најавувајќи го со него повлекувањето од професионалната кошарка што официјално се случи во 2016.

Ова е текстот од позната поема на Коби.

 

Драга кошаркo,

Од моментот
Кога почнав да ги навлекувам високите чорапи на татко ми
И шутирав замислени,
Шутеви за победа
Во сала во Калифорнија
Знаев дека една работа е вистинска:

Се заљубив во тебе.

Љубов толку длабока што ти дадов сè –
Од моите ум и тело
До мојот дух и душа.

Како шестгодишно момче
Со голема љубов
Никогаш не го гледав крајот на тунелот.
Се гледав само себеси
Како излегувам од тунел (пред почетокот на натпревар).

И така трчав.
Трчав напред-назад по секој терен
По секоја загубена топка, само за тебе.
Ти од мене бараше труд
Јас ти го дадов целот срце
Бидејќи беше многу повеќе.

Играв во пот и болка
Не зошто барав предизвици
Но затоа што Ти ме повика.
Направив сè за Тебе
Затоа што така се постапува
Кога некој ќе направи да се чувствуваш
Толку жив, како што
Ти ме направи мене.

Му го даде на шестгодишното момче сонот за Лејкерси
И јас секогаш ќе те сакам за тоа.
Но, не можам да те сакам толку жестоко многу долго.
Оваа сезона е сè што ми остана за давање.
Моето срце може да ги поднесе дуелите
Мојот ум може да се справи со борбата за секоја топка
Но, моето тело знае дека е време да се збогуваме.

И тоа е добро.
Подготвен сум да те пуштам.
Сакам да го знаеш ова
За и двајцата да можеме да уживаме во сите моменти кои сме ги минале заедно.
Добрите и лошите.
Се дадовме еден на друг
Со сè што имаме.

И двајцата знаеме, без оглед што ќе правам следно
Јас секогаш ќе бидам тоа дете
Со високите чорапи,
Канта за ѓубре во ќошот
Пет секунди на часовникот
Топката е во моите раце.
5… 4… 3… 2… 1

Те сакам засекогаш,
Коби

 

Врз основа на овој текст во 2017 година беше објавен краткиот анимиран филм со ист наслов, „Драга кошарко“, кој една година подоцна освои Оскар во категоријата најдобар краток анимиран филм. Истиот може да го погледнете погоре во текстот.

Според информациите на американските медиуми, Брајант и неговата ќерка со хеликоптерот патувале во академијата на кошаркарскиот тим на Џијана, на кој тој бил тренер. Порака со сочувство и последно збогум за Коби Брајант упати и Мајкл Џордан, во која меѓу другото, тој напиша дека Коби бил многу горд и среќен што неговите ќерки се заљубени во кошарката.

Треба да знаете
Последни објави