Search

Талибанците тврдат дека урнале авион на американската армија над провинцијата Газни во Авганистан

– Талибанците објавија дека урнале авион на американската армија во централната авганистанска провинција Газни денеска и дека сите луѓе во него загинале.

– Авионот, бил во разузнавачка мисија, и е соборен во подрачјето Сао Кел во областа Дех Јак во провинцијата Газни, изјави за западни медиуми Забихулах Муџахид, портпарол на Талибанците.

– Сите лица во авионот, вклучително и високи офицери, загинаа, рече Муџахид.

Претходно денеска, висок претставник на одбраната, надлежен за истрагата, рече дека ниту еден американски државјанин не загинал во авионот и додаде дека тие се уште ја испитуваат причината за несреќата.

Никој во американската војска не беше достапен засега за коментар, нагласуваат западни медиуми.

Информациите за паднатиот авион се непрецизни и контрадикторни – се спекулираше дека патнички авион се урнал, не се знаело на која компанија и припаѓал или колку патници имало во него. Првично се зборуваше дека станува збор за авион на државната авганистанска компанија „Аријана ерлајнс”, но извршниот директор го негираше тоа.

Областа Дех Јака е главно контролирана од талибанците и се наоѓа на неколку стотици километри јужно од Кабул.

Треба да знаете
Последни објави