Search

За пет дена нови 38.000 раселени на северозапад во Сирија

– Повеќе од 38.000 луѓе ги напуштија своите домови за пет дена во северозападна Сирија, соопштија денеска ОН.

Областа е речиси секој ден цел на воздушните напади на сириските сили и нивните руски сојузници. Руската авијација и сириските сили го бомбардираат западниот дел од провинцијата Алепо, што го држат џихадисти и бунтовници, во последните неколку дена, соопшти опозициската Сириска организација за човекови права.

-ОН се „длабоко загрижени” за растечкото заминување на луѓето во северозападна Сирија, каде се случуваат речиси дневни воздушни напади и артилериски оган, изјави Дејвид Свенсон, портпарол на службата на ОН за координација на хуманитарните работи.

Според него, од 15 до 19 јануари повеќе од 38.000 луѓе ги напуштиле своите домови, претежно на западниот дел на Алепо и заминале во другите сектори на покраината Идлиб.

Провинцијата Идлиб и некои области од соседните региони Алепо, Хама и Латакија се во рацете на џихадистичката група, Хајат Тахрир ал-Шам, поранешна сириски огранок на Ал Каеда. Бунтовничките групи се исто така присутни во таа област.

ОН соопштија дека 358.000 луѓе го напуштиле тој дел од Сирија од почетокот на декември, претежно жени и деца.

Треба да знаете
Последни објави