Search

ЕУ го именуваше првиот шеф на својата Делегација во Лондон

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел го именуваше Жоао Вале де Алмеида за прв шеф на идната Делегација на ЕУ во Обединетото Кралство.

Во соопштението на Европската служба за надворешни работи се наведува дека Вале де Алмеида ќе стапи на должност на 1 февруари 2020 година.

– Од тој датум Обединетото Кралство ќе биде трета земја, а претставувањето на Унијата ќе биде обезбедено преку Делегацијата на ЕУ, тврдат во Брисел.

Жоао Вале де Алмеида од 2010 до 2014 година беше прв амбасадор на ЕУ во САД. Од 2015 до 2019 година тој имаше мандат за амбасадор на ЕУ во ОН.

Треба да знаете
Последни објави