Search

Николоски: Ако судот не си ја заврши работата со „Рекет“, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нови сознанија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во утринското гостување на Алфа телевизија посочи дека ако судот не ја заврши својата работа околу случајот со СЈО и „Рекет“ тогаш ВМРО-ДПМНЕ објави нови сознанија за тој случај.

-СЈО со торбата Луј Витон полна со милион евра одамна е завршена приказната. СЈО фактички и не постои. А, во однос на работите што се случувале таму, а ова што сега го гледаме како судски процес е само врвот на ледената санта. Допрва ќе излегуваат десетици и десетици работи. А, ние оставаме на судот да проба тоа да го истражи и имаме многу сознанија. Доколку го истражи одлично, доколку не, ќе одиме во јавност со тие сознанија, нагласи Николоски.

Тој додаде дека се надева по 12-ти април едно ослободено и релаксирано судство и обвинителство Македонија ќе има. И нема да се под дневен политички притисок на врвот на власта.

Николоски рече дека законот за ЈО треба да ги затвори тие прашања и доволно е јасна пораката на комесарот за проширување дека законот треба да се донесе но во соработка помеѓу водечките партии во Собранието, а тоа се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. И со прифаќање на аргументите односно забелешките на ВМРО-ДПМНЕ. Закон кој што ќе е квалитетен и ќе ги прифати забелешките на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но гледаме дека Зоран Заев како претседател на СДСМ се обидува друго да направи, а тоа е да го прескокне ВМРО-ДПМНЕ. Барајќи поддршка од одредени отпаднички структури. Но тоа мислам дека нема да се случи, забележа Николоски.

Треба да знаете
Последни објави