Search

Идоли на Мбапе од детството му беа Зидан, Кристијано и Бразилецот Роналдо

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен,  младиот и талентиран напаѓач 21-годишниот Килијан Мбапе, ги открио своите идоли од детството.

-Првиот идол од детството ми беше Зидан. Ако сте француско момче, Зидан е вашиот идол. После тоа беше Кристијано Роналдо, имав среќа да го сретнам. Третиот е бразилскиот Роналдо поради стилот на играње. Сакам да оставам белег како нив во историјата на фудбалот, изјави францускиот репрезентативец.

Мбапе е еден од најдобрите напаѓачи во светот и фудбалските стручњаци му предвидуваат блескава иднина.

Треба да знаете
Последни објави