Search

Вернер сака да замине во Ливерпул

Напаѓачот на германскиот фудбалски бундеслигаш Лајпциг, Тимо Вернер би сакал да замине во Ливерпул. Според „Билд”, доколку фудбалерот го напушти лидерот во германскиот шампиона Лајпциг, тој би сакал да продолжи кариера токму во екипата на Јирген Клоп. Исто така, се посочува дека неговиот сегашен клуб ќе биде подготвен да го продаде во текот на летото за 60 милиони евра.

Дваесет и тригодишниот Германец има одиграно 26 натпревари за Лајпциг оваа сезона и постигнато 25 гола со десет асистенции.

Треба да знаете
Последни објави