„Голф“ удрил во паркирано „ауди“ тројца повредени

Три млади лица се повредени во сообраќајна несреќа, што се случила на ул.„Јужноморавски бригади“. Осумнаесетгодишната А.Р. со возилото ,,фолксваген голф“, удрила во паркирано возило ,,ауди“ и капија од дворно место.

Во инцидентот повредена е таа и двајцата сопатници Ф.Б (19) и Д.Б (22) сите од Скопје, кои се пренесени во Ургентен центар Скопје и во ГОБ ,,8 Септември“, каде на Ф.Б и Д.Б им се констатирани телесни повреди, а на А.Р. тешки телесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави