Search

Вељаноски: Политичко обвинение за политички цели

Политичко обвинение за политички цели, вели поранешниот претседател на Собранието, пратеникот Трајко Вељаноски за ТВ 24.

Со денешната одлука, Судот го прифати обвинението во кое нему, на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, ќе им се суди за организација на настаните од 27 април 2017 година во Парламентот.

Тој е првиот претседател на Собрание на кого ќе му се суди од независноста на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави