Search

Tрамп разговараше со Столтенберг за актуелната состојба на Блискиот исток

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Двајцата лидери разговараа за актуелната состојба на Блискиот исток. Претседателот истакна дека НАТО треба да ја зголеми својата улога во спречувањето конфликти и зачувувањето на мирот на Блискиот исток”, соопшти Белата куќа.

Претходно Трамп нагласи дека ќе побара од НАТО „да се вклучи многу повеќе во процесот на Блискиот исток”.

Треба да знаете
Последни објави