Search

Бомбардирани американски бази во Ирак со 30 ракети

Иранската револуционерна гарда истрела најмалку 30 балистички проектили врз две американски бази во Ирак, но засега нема официјални информации за можни жртви. На мета на иранските балистички проектили се нашле базите Ирбил и Ајн ел Асад.

Револуционерната гарда ги предупреди сите околни земји дека ќе се најдат на мета на напади, доколку американските сили почнат напади од државите кајшто се стационирани. Набргу по експлозијата американските вооружени сили потврдиле дека проектилите биле испалени од иранска територија. Хезболах, објави почеток на одмаздата за генералот Касим Сулејмани.

Ракетните напади почнаа неколку дена откако американски дронови снимија движење на ирански ракетни единици. За ракетниот напад е известен американскиот претседател Доналд Трамп. Втората најголема американска база во Ирак се наоѓа 160 километри западно од Багдад и во минатото беше мета на напади на Исламската држава. Во оваа база се стационирани дронови „рипер“ за кои се верува дека минатата недела се употребени во нападот во кој беше убиен иранскиот генерал.

Треба да знаете
Последни објави