Search

Шпанија доби нова влада, отворен патот за полноправно членство во НАТО

Гласањето во шпанскиот парламент почна напладне, а по 2 и пол часовната дебата, Санчез ги доби потребните 167 гласови за да ја формира новата влада. Формирањето на владата во Шпанија ќе го отвори патот за ратификација на протоколот со кој нашата држава ќе стане 30-та членка н НАТО, бидејќи Шпанија е единствена држава која се уште го нема направено тоа.

Од наша страна, пак предлог-законот за ратификација веќе е во процедура, откако владата се одлучи за предвремена ратификација со одложено дејство, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед дека парламентот се распушта во февруари.

Треба да знаете
Последни објави