Убиен маж кој со нож нападна полицајци во Германија

Германската полиција во западна Германија уби 37-годишен маж, кој се обидел да ги нападне со нож и во тек е проверка дали се работи за тероризам.

Напаѓачот, чие име не е соопштено, синоќа прво нападнал полициско возило пред полициската станица во Гелзенкирхен, во западна Германија, а потоа им пришол на службениците вооружен со нож, изјавил портпаролот на полицијата.

Тој не застанал и покрај предупредувањата од полицијата, по што на него пукал 27-годишен полицаец, пренесе АП.

Локалните медиуми пренесуваат дека напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ додека се приближувал на полицијата, како и дека се работи за турски државјанин, за кого се уште не се знае дали поседува и германски пасош.

Треба да знаете
Последни објави