Спасовски: Владата на првата следна седница ќе определи средства за пожарите во Австралија

Им изразуваме сочувство на семејствата на загинатите, како и безмерна солидарност на сите граѓани на пријателска Австралија и на сите припадници на македонската дијаспора, порача денеска премиерот Оливер Спасовски преку својот Фејсбук профил.

Тој нагласи дека Амбасадата на земјава во Канбера и конзулатот во Мелбурн стојат на располагање за помош и поддршка на сите македонски граѓани, како и на целата дијаспора.

-Голема поддршка за пожарникарите, медицинските и други службени лица кои се борат со огнената стихија, како и до сите други институции и до владата, истакна Спасовски.

Информира дела Владата на РМ на првата следна седница ќе определи средства за поддршка за справување со последиците и реновирање на домовите.

-Секогаш сме ја имале поддршката од пријателска Австралија, а сега најмалку што може да направиме е да бидеме солидарни и да им дадеме мала помош за да ги надминат огромните штети кои ги направија пожарите, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.

Треба да знаете
Последни објави