Search

Со „Добредојде Златан”, раководството на Милан го пречека Ибрахимовиќ пред натпреварот со Сампдорија

 Пред почетокот на денешниот натпревар на Милан со Сампдорија, домаќините на семафорот објавија фотографија со напаѓачот Златан Ибрахимовиќ.

  • Добредојде назад на „Сан Сиро” Златан! – стоеше во пораката до шведскиот фудбалер.

Триесет и осумгодишниот Ибрахимовиќ денешниот меч од 18. коло од шампионатот на Италија го почна од клупата за резерви.

Швеѓанецот се врати во Милано на 2 јануари. Тој и порано има настапувано за Милан, а последните две сезони ги одигра на американскиот континент во дресот на Лос Анџелес галакси.

Навивачите на Милан очекуваат со доаѓањето на Ибрахимовиќ, да дојдат и подобри резултати.

Треба да знаете
Последни објави