Search

Иран да не го крши нуклеарниот договор, бараат Германија, Франција и Британија

– Го повикуваме Иран да ги повлече сите мерки што не се во согласност со нуклеарниот договор, заеднички порачаа германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон по телефонскиот разговор.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас потврди дека Германија, Франција и Велика Британија го повикале Иран да се откаже од мерките спротивни на нуклеарниот договор.

Мас рече дека Германија, Велика Британија и Франција денеска ќе разговараат за иранскиот нуклеарен договор и објавата на Техеран.

Иранската државна телевизија објави дека Теран повеќе нема да се придржува кон какво било ограничување од нуклеарниот договор со кој вети дека ќе го намали својот нуклеарен капацитет во замена за укинување на меѓународните санкции.

Треба да знаете
Последни објави