Search

(Видео) Божиновски: Социјалната помош порасна за 300 отсто

Социјалните реформи на СДСМ извлекуваат од сиромаштија и обезбедуваат грижа за секое семејство, социјалната помош порасна за 300 проценти, изјави Борче Божиновски, член на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Тој рече дека како одговорна партија поставивиле цели за извлекување од сиромаштија на најранливите групи, како и за обезбедување повеќе пари во секое семејство и соодветна грижа на најмладите.

„За само две и пол години успеавме да ги исполниме ветувањата дури и пред предвидениот рок што го дадовме во јуни 2017та година. Денес, повеќе ниту едно дете не живее во институциите во Република Северна Македонија. Сите се преселени во мали групни домови, односно во места каде им се овозможува на децата квалитетен раст и развој и еднаква основа за понатамошен успех како и на сите други деца кои растат во семејна средина. Денес, просечната пензија ќе изнесува 15.550 денари, што значи покачување на просечната пензија за 1746 денари споредбено со просечната пензија од јуни 2017та“, вели  Божиновски.

Од СДСМ истакнуваат дека со изградбата на новите градинки се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитување на деца со предучилишна возраст и со тоа се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.

Денес, додава Божиновски, 12 илјади стечајни работници добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивното пензионирање, а минималната плата изнесува 14.500 денари, што претставува покачување од 60 проценти споредбено со минималната плата во индустриите како што се текстилната, кожарската и чевларската каде во 2017та година таа изнесуваше 9.000 денари.

Преку реформите со системот за социјална заштита, финансиската поддршка за 30.000 семејства е зголемена просечно за 300 отсто, нагласи Божиновски и додаде дека зголемувањето на платите во приватниот сектор е субвенционирано за износи до 6.000 денари од лице.

Треба да знаете
Последни објави