Search

Петровска: Навидум промена, а старите навики на лаги и конструкции

Навидум промена, а старите навики на лаги и конструкции

“Целосна невистина се тврдењата на новиот технички министер на МВР Наќе Чулев изнесени во интервју за ТВ Алфа за незаконски решенија и наводна поврзаност со криминалните структури. Сите акти кои се потпишани се во согласност со законот и прописите во МВР.
Иако ДПМНЕ најави нов лик, сепак никако да ги заборават старите навики. И понатаму продолжуваат со намерното ширење лаги дека во МВР не постои компаративна статистика за состојбата со криминалитетот во периодот додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски. Напротив, вистината е не само дека постои анализа туку таа покажува извонредни резултати споредено со периодите претходно кога министерството беше управувано од ДПМНЕ. Намален е криминалитетот, разбојништвата, убиствата, жртвите од сообраќајни незгоди и тн. Овие резултати беа презентирани минатата недела на брифинг со новинарите на кој беа присутни над 30 претставници на медиумите Уште поконкретен податок за работењето на МВР под раководство на Спасовски е анкетата на ОБСЕ за довербата на граѓаните во полицијата, која јасно покажува дека довербата во полицијата расте односно дека граѓаните сметаат дека полицијата работи добро и дека се минато времињата кога со МВР раководеше ДПМНЕ, а довербата беше сведена на мизерни бројки токму поради партиската злоупотреба на полицијата.
Како човек од безбедносно-разузнавачката заедница Чулев треба да ги знае законите во Република Северна Македонија и да е свесен дека сомнежи за евентуална поврзаност со криминални структури се пријавуваат во Јавното обвинителство, а не во интервјуа. Зарем ова е долгонајавуваниот професионализам на ДПМНЕ?”

Статус на заменичката Министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска

Треба да знаете
Последни објави