Search

Напад на воената академија во Триполи, најмалку 30 загинати

Бројот на загинати во воздушен напад на воената академија во Триполи се зголеми на најмалку 30 лица, а меѓу нив најмногу се питомци, соопштија денеска здравствените власти.

Портпаролот на Министерството за здравство во Триполи, Малек Марсет, изјави за „АП“ дека воздушните напади се случиле во саботата во населбата Хадаба, јужно од центарот на градот, каде судирите беснеат со месеци.

Марсет рече дека најмалку 33 лица биле транспортирани во болниците во нападот.

Снимките од болницата на кои се прикажани повредени лица со завои се објавени на социјалните мрежи.

Владата во Триполи за нападот ја обвини самопрогласената либиска национална армија, чиј лидер е генералот Калифа Хифтер, кој најави „конечна и одлучувачка“ борба за Триполи кон средината на декември.

Треба да знаете
Последни објави