Search

Мандиќ: Зачудувачки е што 20 отсто Албанци имаат многу повеќе права во Македонија, за разлика од побројните Срби во Црна Гора

Еден од лидерите на црногорскиот Демократски фронт, Андрија Мандиќ, за РТС изјави дека режимот Мило Џукановиќ нема проблем со Србија, туку со своите граѓани и оти нивните погрешни потези поттикнале реки луѓе на улиците кои бараат правда.

„Секако треба да се најде мирно решение. Вчера претседателот Александар Вучиќ ја спомна Македонија, која честопати ја користиме како аргумент во дискусиите со режимот Мило Џукановиќ. Во 2001 година имаше бунт од страна на албанската заедница и покрај тоа што македонските власти им направија помалку лошо отколку што црногорските власти им направија на нас Србите. Се појавија меѓународни преговарачи, постигнат беше Охридскиот договор, со кој се дозволуваа 20 проценти Албанци да бидат конститутивен народ, што е многу помалку од Србите во Црна Гора, а да не говорам дека српскиот јазик е јазично мнозинство во Црна Гора, и припадноста на СПЦ е апсолутно верско мнозинство. Значи, Албанците во Македонија со 20 % од населението имаат 50% од владата“, истакна лидерот на ДФ.

„Честопати разговарам со нашиот Иван Стоилковиќ од Македонија, кој ме известува дека е едноставно неверојатно дека според Охридскиот договор, Албанците имаат толку многу права во Македонија, а дека побројните Срби во Црна Гора кои ја создадоа поранешната држава Црна Гора немаат никакви права, туку се изложени на брутална асимилација и никој во меѓународната заедница не сака да се вклучи да помогне“, заклучува Мандиќ.

Во Црна Гора не престануваат собирите на граѓаните во храмови и мирни прошетки против усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед. Протести се одржауваат во повеќе градови во Црна Гора.

Мандиќ, вели дека ова се најголеми собири на граѓаните на Црна Гора досега и дека граѓаните излегле како река од северот на земјата до Херцег Нови и Бар.

Треба да знаете
Последни објави