Search

ВМРО ДПМНЕ: Има земјоделци на кои не им се исплатени субвенции за 2016, 2017 и 2018 година

 

Денеска СДСМ го покажа своето вистинско лице, а тоа е лице на сеење на поделби и омраза помеѓу граѓаните и земјоделците. Прес конференцијата на СДСМ е доказ дека во време на СДСМ нема место за земјоделците кои чесно работат и заработуваат, туку само за некој кој ќе им остваруваат партиска агенда, велат во реакција од опозициската партија на прес конференцијата која ја одржа Гоце Георгиевски од владејачката партија.

-Делењето на субвенции е законска обврска на власта и во време на ВМРО-ДПМНЕ субвенции земале сите земјоделци без разлика дали се поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ  и СДСМ. Бидејќи е тоа нивно право, а не како сега, кога субвенциите доцнат и уште има земјоделци на кои субвенциите не им се исплатени уште од 2016, 2017 и 2018 година.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ преку националните програми земаа механизација сите земјоделци, а не како сега, кога проектот млад земјоделец е закочен и сеуште нема исплатено ниту еден од подносителите.

Сега земјоделците гледаат зошто земјоделието не тргна напред. Зошто нема сигурен откуп и високи откупни цени, како што тоа го ветуваше СДСМ во предизборието 2016 година, бидејќи СДСМ три години само сее омраза и поделби помеѓу земјоделците.

Времето на поделби на земјоделците помина. Од 12 април владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите земјоделци. Од 12 април почнува обновата на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави