Search

Совет за безбедност на Иран: Убиството на Сулејман е најголемата грешка на САД во регионот

Врховниот совет за национална безбедност на Иран денеска соопшти дека Соединетите Американски Држави ќе одговараат за убиството на иранскиот командант Касем Сулејмани, оценувајќи дека тоа е најголемата грешка на Вашингтон во регионот, пренесуваат иранските медиуми.

– Ова беше најголемата американска стратешка грешка во регионот на западна Азија и Америка нема лесно да ги избегне последиците. Американскиот режим ќе биде одговорен за последиците од овој злосторнички авантуризам,  се наведува во соопштението на Врховниот совет за национална безбедност.

Командантот на иранската елитна единица Кудс беше  убиен утринава во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.

Треба да знаете
Последни објави