Search

Синди Крафорд не ја поддржува љубовната врска на својата 18-годишна ќерка

Контроверзниот комичар Пит Дејвидсон (26) стана славен во американското исклучително популарно шоу Saturday Night Live, а неговиот бурен љубовен живот честопати ги полнел страниците на медиумите. Од неодамна е во врска со 18-годишната Каја Гербер, ќерка на славната Синди Крафорд (53), која не ја поддржува нивната врска, според списанието „Пипл“.

Супермоделот од 90-тите и нејзиниот сопруг, претприемачот Ренди Гербер (57), на почетокот не ѝ придавале голема важност на врската, но кога Каја се иселила и почнала да живее со Пит во Њујорк, тие се загрижени и се обиделе да ги разделат на секој можен начин.

Фоторепортерите го забележале инцидентот на Менхетн кога видно вознемирените родители дошле да ја земат својата ќерка од Њујорк, а напнатата атмосфера помеѓу Синди и тинејџерката се чувствувала и на аеродромот.

Ренди и Синди не се одушевени од неуредниот живот и пороците на Дејвидсон и сметаат дека тој лошо влијае врз нивната 18-годишна ќерка. На шармот на проблематичниот Пит не одолеале ниту пејачката Аријана Гранде (26) и актерките Кејт Бекинсејл (46) и Маргарет Куали (25)

Треба да знаете
Последни објави