Search

Седум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Седум лица биле полесно повредени во четири од вкупно пет сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една сообраќајка била причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и тројца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.

Со специјалното возило „пајак” подигнати биле 47 возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и еден возач за неправилно престигнување.

Треба да знаете
Последни објави