Search

ВИДЕО: Алијансата за Албанците: Граѓаните се задушуваат во воздухот што го загадува самата држава

„Како годинава, така и лани загадувањето на воздухот го достигна својот врв во Скопскиот Регион. Исто како и загадувањето, на високо ниво беа и ветувањата на Владата за решавање на овој проблем. Но, за жал, сфативме дека ова беше само празно ветување за дневна политика. Загадувањето продолжува и оваа година на високо ниво“, соопшти Алијансата за Албанците – разгранок Чаир.

Видео плејер

Пред неколку месеци Алијансата за Албанците побара образложение од Министерството за здравство, Град Скопје и од другите надлежни органи за тоа зошто мазутот уште се користи како гориво во болниците и други државни институции за кои беше ветено дека ќе преминат на системот на греење со гас.

„Но, не е тешко да се сфати дека сè за оваа Влада останува само проект на хартија, како што се и нивните оправдувања. Граѓаните продолжуваат да се задушуваат во воздухот што го загадува самата држава, а за функционерите тоа не претставува проблем затоа што за себе нарачале и прочистувачи на воздухот за затворени простории (Владата) со пари на народот.
Алијансата за Албанците повикува на итно решавање и реализација на ветувањата наместо тие да се користат како следна ветувачка алатка. Треба да се преземат конкретни мерки за да се намали загадувањето на воздухот за граѓаните да не ги плаќаат сметките на Владата со своето здравје“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави