Search

Еден возач на мопед потешко повреден во сообраќајка во Скопје

Возач на мопед се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 27 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје.

Во 11 сообраќајки со полесни повреди се здобиле 11 лица, а во 15 била причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и две нерегистрирани возила.

Со специјалното возило „пајак” подигнати биле осум возила.

Санкциониран бил и еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло.

Треба да знаете
Последни објави