Search

Дваесет загинати во пад на авион „Антонов” во Западен Дарфур

Воен авион „Антонов” се урна во суданската провинција Западен Дарфур, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на информација на телевизијата „Ал-Арабија”.

Авионот се урнал веднаш по полетувањето, на пет километри од аеродромот во Ал Генеина.

Официјалните лица потврдија дека загинале 20 лица, меѓу коитри членови на екипажот на авионот.

Ал Генеина е престолнина на Западен Дарфур каде околу 50 лица се убиени, а 241 се ранети во дводневните племенски судири.

 До судири дошло во неделата и понеделникот меѓу вооружени членови на арапско и африканско племе, кои притоа запалиле неколку куќи, допрецизира Црвениот крст.

Суданската Влада на почетокот на неделата вовела полициски час во Западен Дарфур.

Суданските медиуми наведуваат дека до судирите дошло по кавга меѓу две лица.

Треба да знаете
Последни објави