Search

(Видео) Инцидент по телевизиската дебата меѓу Китаровиќ и Милановиќ

Дебатата меѓу актуелната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китановиќ и противкандидатот Зоран Милановиќ вечерва на ХРТ го одбележа инцидентот по завршетокот на емисијата.

Еден од советниците на претседателката, Томислав Маџар ги загуби нервите и почна да му дофрла на Милановиќ, кој пред новинарите го коментираше текот на дебатата.

Додека зборуваше за аферата „Континентал транспорт“ во која наводно е вмешана Китаровиќ, Маџар му дофрли „како не ти е срам“, а Милановиќ веднаш тргна кон него.

https://www.facebook.com/jutarnji.list/videos/582283712568435/?t=100

– Дали е тоа некој од осигурувањето? праша Милановиќ, по што  доби одговорот дека станува збор за советник на претседателот.
„Може да се срамите од ваквиот одговор и од таквото однесување, продолжи Маџар, а Милановиќ прокоментира „Еве, сè уште има нестабилни“. Тоа е вашиот ХДЗ. Тие би се тепале во собранието, а не знаат да се тепаат. Пцујат, вака разговараат со поранешен премиер, рече Милновиќ.

Треба да знаете
Последни објави