Search

Прв триумф на Артета, Арсенал подобар во дербито против Јунајтед

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, дојде до првата победа на клупата на „топџиите“ и тоа против Манчестер Јунајтед со 2:0. Николас Пепе во осмата минута ги доведе домашните фудбалери во водство, а пред крајот на првиот дел Сократис Папастопулос зголеми на 2:0.

Јунајтед не успеа да одговори на соодвете начин и на крајот мораше да се помири со пораз. Манчестер Јунајтед првпат загуби дерби натпревар сезонава во Премиер лигата. Арсенал ја прекина серијата без победа од три натпревари и се наоѓа на десеттото место со 27 бода, само четири бодови помалку од Јунајтед кој во моментов е петти на табелата.

Четата на Жозе Мурињо денеска претрпе нов пораз, откако на гостински терен Тотнем загуби од Саутемптон со минимални 1-0, во рамки на 21. коло од Премиер лигата. Покрај лошата претстава на „Петлите“, голем проблем за менаџерот Мурињо би можело да претставува и повредата на Хари Кејн.

Имено, Кејн успеа да ја затресе мрежата на голот на Саутемптон на 15 минути пред крајот на натпреварот, но неговиот гол беше оправдано поништен поради офсајд. Меѓутоа, во оваа акција се повреди Кејн, фаќајќи се за задната ложа поради што мораше да биде заменет.

Манчестер Сити беше подобар од Евертон и сосема заслужено ги освои сите три бода на вечерашниот натпревар кој се одигра на „Итихад“, но на крајот повторно си ги закомпликува работите и во последните 15 минути беше принуден да го одбрани водството од 2:1.

Блесокот на Габриел Жесус на стартот на вториот дел се покажа како одлука за пресметката на клупата која ја имаа Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти, а на 19 минути пред крајот, грешката во потесната одбрана на домаќините ја искористи Ришарлисон за да намали на 2:1.

За Карло ова беше прв пораз како менаџер на Евертон, и тоа по двете стартни победи кои ги оставри над Барнли и Њукасл.

По поразот во дербито против Ливерпул, Лестер вечерва славеше со 0:3 против Њукасл и остана на сигурна оддалеченост од третопласираниот Сити.

На останатите два меча во истиот термин, Нович и Кристал Палас ремизираа 1:1, додека Вест Хем го декласираше Бурнмаут со 4:0 при враќањето на Дејвид Мојс на клупата на „чеканите“.

Треба да знаете
Последни објави