Search

Ваков новогодишен бонус нема никаде: “Икеа” им исплати по 4.000 евра за празниците на своите вработени

Шведскиот гигант за мебел “Икеа” на своите вработени во Норвешка им исплати неверојатен бонус од по 40.000 норвешки круни (4.000 евра).

“Сите вработени кои работат најмалку 6 месеци без прекин во изминатата година ќе добијат бонус во висина од 113% оваа година. Тоа значи дека нашите вработени ќе добијат екстра плата во декември”, вели Сив Е. Егер Вестин, менаџер за комуникации во “Икеа”.

Компанијата ќе исплати 120 милиони норвешки круни на своите 3.000 вработени. Просекот изнесува 40.000 круни, вклучувајќи платен одмор – стои во сооштението од компанијата.

Гигантот на своите вработени им дава бонуси секоја година, но оваа година сумата е најголема. Во 2016 и 2017 бонусот изнесувал 12.500 круни.

За минатата фискална година која се смета од септември 2018 до август 2019 година, компанијата забележала добивка од 8.31 билиони норвешки круни.

“Кога ќе испорачаме добри резултати, тоа е благодарение на нашите вработени кои работат напорно секој ден. Поради тоа сакаме да им возвратиме, а бонусот е најдобар начин да се направи тоа”, вели Вестин.

Треба да знаете
Последни објави