Search

Бројот на жртви во авионски несреќи во 2019 намален за половина

Бројот на жртви на големи авионски несреќи низ светот опадна за повеќе од половина во 2019 година, се вели во извештајот на авијациската консултантска фирма „То70“.

Според фирмата, минатата година загинале 257 лица во авионски несреќи, додека во 2018 година во 13 несреќи загинале 534 лица.

Бројот на загинати беше зголемен во 2019 година на крајот на декември, откако авион на „Бек ер“ се урна во Казахстан. Несреќата се случи на 27 декември, при што загинаа 12 лица.

Најлошата несреќа во 2019 година се случи на 10 март, кога се сруши „Боинг 737 MAX“, при што загинаа 157 лица.

Во извештајот се наведува дека бројот на несреќи на големите авиони во комерцијални летови се намалил на 0,18 несреќи на милион летови во 2019 година од 0,3 несреќи на милион летови во 2018 година.

Тоа значи дека една несреќа се јавува на секои 5,58 милиони летови, пренесува АП.

Се потсетува дека во 2017 година имало најмал број фатални несреќи во кои загинале 13 лица.

Извештајот опфаќа големи несреќи на патничките авиони и не вклучува несреќи на помали, воени и товарни авиони, како и хеликоптери.

Треба да знаете
Последни објави