Search

Талибанците согласни за прекин на огнот во Авганистан

Авганистанските бунтовници талибанци се согласија на привремен прекин на огнот низ целата земја, за време на кој тие би можеле да потпишат мировен договор со САД, соопштија официјални лица.

САД побараа прекин на огнот пред потпишувањето на мировниот договор што ќе му овозможи на Вашингтон да ги врати војниците од Авганистан и да стави крај на 18-годишниот воен ангажман во земјата, најдолг во американската историја.

САД сакаат секој можен договор да го содржи ветувањето на талибанците дека терористичките групи нема да го користат Авганистан како база. Според проценките, во Авганистан моментно има 12.000 американски војници.

Шефот на талибанците треба да ја потврди одлуката за прекин на огнот, но се очекува тоа да го стори. Времетраењето на прекинот на огнот не е одредено ниту кога ќе почне, но е навестено дека тој ќе трае 10 дена.

Четворица членови на преговарачкиот тим на талибанците разговараа со управниот совет на бунтовниците една недела пред да постигнат договор за краток прекин на огнот.

Треба да знаете
Последни објави