Search

Русија верува дека Западот вештачки ги засилува тензиите во Персискиот Залив

Москва е загрижена поради зголемувањето на тензиите во Персискиот Залив и гледа обиди да се поттикнат овие тензии, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува „Спунтик“.

„Гледаме дека некои наши западни колеги вештачки се обидуваат да ја разгорат ситуацијата. И Русија и Иран се спротивставуваат на ваквите обиди со предлог за воспоставување еднаква, заемно корисна соработка во овој важен регион “, рече Лавров на средбата со својот ирански колега, Мохамед Џавад Зариф.

Изјавата следува откако Пентагон во неделата рече дека американската војска спровела серија напади кои биле насочени кон пет објекти на Катаиб Хезболах во Сирија и во Ирак.

„Како одговор на континуираните напади на Катаиб Хезболах (КХ) врз ирачки бази кои се домаќини на коалициските сили од оперрацјата Inherent Resolve (ОИР), американските сили спроведоа прецизни дефанзивни напади против пет објекти на КХ во Ирак и во Сирија кои ќе ја намалат способноста на групата да спроведува идни напади врз силите на ОИР “, рече портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман.

Катаиб Хезболах е ирачка шиитска паравоена група формирана за време на војната во Ирак како бунт против воената окупација на САД по инвазијата на САД во 2003 година.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во меѓувреме изјави дека САД не ја известиле Русија за нападите врз објектите на Хезболах, вклучително и оние во Сирија.

Претходно годинава, Лавров изјави дека Русија бара решение за тензиите во Персискиот Залив преку дијалог и без неосновани обвинувања.

„Нашиот придонес е ревидираниот руски концепт за колективна безбедност во регионот претставен ова лето“, рече Лавров во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.

Кон крајот на јули, руското МНР претстави, во услови на засилени тензии меѓу САД и Иран, ажурирана верзија на иницијативата наречена Колективен безбедносен концепт за регионот на Персискиот Залив, во која се предлага откажување од трајно распоредување трупи од вонрегионални држави во регионот.

Треба да знаете
Последни објави