Search

Полскиот премиер го обвини Путин дека лаже

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека рускиот претседател Владимир Путин лаже за Втората светска војна, со цел да го сврти вниманието од руските неуспеси.

Изјавата на Моравјецки уследи откако Путин ја обвини Полска за почетокот на Втората светска војна, поради што во петокот рускиот амбасадор во Варшава беше повикан на разговор во полското Министерство за надворешни работи, при што му беше врачена протестна нота.

– Претседателот Путин лажеше за Полска повеќе пати и тоа го прави намерно. Тоа обично се случува во ситуација кога власта во Москва чувствува меѓународен притисок поради своите чекори. И тој притисок не е на историската, туку на геополитичката сцена, посочи Моравјецки.

Тој како примери за неуспесите на Русија ги наведе суспензијата на руските атлетичари поради допинг, неодамнешното продолжување на санкциите на Европска унија, како и санкциите од САД поради изградбата на Северен поток.

Треба да знаете
Последни објави