Search

Иран: Нападите на САД во Ирак се јасен пример за тероризам

Техеран ги смета нападите на САД во Сирија и во Ирак за акт на тероризам и бара од САД да го напуштат регионот, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, пренесува „Спутник“.

„Американската воена агресија против Ирак и ирачките сили е директен доказ за американскиот тероризам, а Техеран го осудува тоа“, рече Мусави.

Тој побара од САД да престанат да мешаат во внатрешните работи на Ирак, а исто така посочи дека присуството на странски трупи во регионот само води кон ескалација на тензиите. Во овој поглед, Мусави побара од САД да престанат со окупацијата.

Портпаролот на иранската влада, Али Рабиеи, изјави дека Техеран не стои зад нападот на американските трупи во Ирак, на кој Вашингтон возврати со напади во Ирак и Сирија.

„Негираме каква било улога или вмешаност во нападите врз американската војска“, рече Рабиеи.

Пентагон претходно рече дека САД нападнале пет цели на движењето Катаиб Хезболах во Ирак и во Сирија како одговор на континуираните напади врз ирачките бази. Овие акции биле преземени како одговор на нападите на движењето врз ирачката база кај Киркук, што доведе до смрт на американски државјанин и четворица повредени американски војници.

Пентагон истакна дека овие напади имаат за цел да ја намалат способноста на групата да спроведува напади во иднина против коалициските сили.

Треба да знаете
Последни објави