Search

За Тунберг се смешни нападите врз неа

Климатската активистка Грета Тунберг изјави дека оние што ја напаѓаат, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп, се исплашени од младите луѓе што носат промени, а кои тие, всушност, не ги сакаат.

Таа на радио „Би-би-си“ рече дека тие напади се смешни, пренесува „Политико“.

„Мислам дека тие очигледно не значат ништо. Претпоставувам дека тоа значи нешто. Тоа значи дека тие се исплашени од младите што донесуваат промени, а кои тие, всушност, не ги сакаат. Тоа е доказ дека ние правиме нешто и затоа тие нè гледаат како своевидна закана“, рече Тунберг.

Таа имаше интервју преку „Скајп“ со Дејвид Атенборо, кој ја пофали дека ја подигнала свеста за климатската криза и дека, како што рече, постигнала многу повеќе отколку што некои постигнале во 20 години.

Претходно овој месец магазинот „Тајм“ ја прогласи Грета за личност на годината, а Трамп напиша на „Твитер“ дека мора да работи на контролирање на својот гнев и ѝ порача да „олади“.

Треба да знаете
Последни објави