Search

Во Турција уапсени 124 поради тероризам

Турската полиција денеска уапси најмалку 124 лица осомничени дека се поврзани со Исламска држава (ИД).

Во Анкара се уапсени 33 странски државјани во заедничката операција на антитерористичка полиција и националната разузнавачка агенција, додека во Истанбул се претресени 31 куќи и се уапсени 24 лица, од кои четворица се странци.

Полицијата утрово изврши рација во градот Батман, југоисточна Турција, уапсени се 22 лица, а рации се спроведени и во Адана, во Кајсери, во Самсун и во Бурса каде се уапсени 45 лица.
Според турските медиуми, уапсените во Анкара се од Ирак, Сирија и Мароко, а се трага уште по 17 лица.

Во Турција во 2015 и во 2016 година загинале 300 луѓе при напади на ИД и курдските екстремисти.

Во 2019 година, Турција депортираше 778 членови на ИД во нивните матични земји.

Треба да знаете
Последни објави